+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Државниот завод за статистика ќе прибира податоци за потрошувачката на енергенти во домаќинствата
четврток, 18 јуни 2020

 

Во периодот од 20 јуни до 10 јули 2020 година, Државниот завод за статистика ќе ја спроведе Анкетата за потрошувачката на енергенти во домаќинствата.

Во согласност со методологијата, со Анкетата ќе бидат прибрани податоци за:

·       Топлотната изолација на станбените површини,

·       Начините на греење и на ладење на просториите и

·       Користењето електрични уреди.

Анкетата се спроведува на секои пет години.

Домаќинствата избрани да учествуваат во оваа Анкета ќе бидат посетени од посебно обучени анкетари и ќе бидат интервјуирани со еден Прашалник за домаќинство.

Методологијата е усогласена со европските стандарди, а податоците што ќе се добијат од Анкетата ќе помогнат да се добијат сознанија какви енергенти трошат македонските домаќинства.

Им се заблагодаруваме на сите домаќинства за соработката и за придонесот во обезбедувањето квалитетни статистички податоци.

За повеќе информации за Анкетата, ве молиме обратете се до вработените во Одделението за енергија:

Стојна Манева (stojna.maneva@stat.gov.mk) и

Ѓурѓица Милошевска (gjurgjica.milosevska@stat.gov.mk)




© Државен завод за статистика