+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Потпишан Меморандум за соработка со Регулаторната комисија за енергетика
вторник, 27 март 2018

 

Во насока на утврдување на рамката во која се реализира соработката базирана на искористување на внатрешните потенцијали за постигнување заеднички интереси, потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.
Меѓусебната соработка ќе се реализира во различни домени од делокругот на двете институции, односно во областите на енергетската статистика и статистиката на животната средина, почитувајќи ги начелата на стручна независност, неутралност, објективност, сигурност, статистичка доверливост и рационалност.




© Државен завод за статистика