+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Заврши редовната годишна мисија на Евростат
четврток, 28 март 2019

 

На 27 март 2019 година се одржа редовната годишна мисија за оценување на работата на Државниот завод за статистика, што ја спроведува Евростат.

Претставникот на Евростат најнапред оствари средба и разговори со директорот на ДЗС. Притоа претставникот беше запознаен со активностите на Заводот во изминатиот период, како и со идните приоритети во насока на унапредување на работата, подобрување на квалитетот и осовременување на процедурите за прибирање и пристап до податоците на Заводот.

Беа остварени и работни средби со вработени од сите сектори во Заводот, кои подетално ја презентираа својата работа и достигнувањата во насока на усогласување на националното со европското законодавство во областа на статистиката.




© Државен завод за статистика