+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Состанок со делегација на Евростат
четврток, 28 март 2019

 

На 28.03.2019 г. беше одржан состанок на раководството на Државниот завод за статистика со претставниците на Евростат, г. Едуардо Баредо Капелот, директор на Директоратот „Б“ – Методологија, дисеминација, соработка во Европскиот статистички систем, г-ѓа Авис Бенеш, раководител на Одделот „Б3“ - Проширување, соседство и соработка за развој и г. Торбјорн Карлквист, лидер на тимот за делот за проширувањето. На состанокот присуствуваше и г. Алесандро Занота, претставник од Делегацијата на Европската Унија, задолжен за следење на хармонизацијата на статистиката.
На состанокот се дискутираше за забележителниот напредок на националната официјална статистика во хармонизирањето со статистиката на Европската Унија, за зајакнатата координативна улога на Државниот завод за статистика во Националниот статистички систем, за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите, 2020, како и за идните планови на Заводот за хармонизацијата со европското законодавство како движечка цел.
Делегацијата на Евростат оствари средба и со г. Бујар Османи, заменик- претседател на Владата задолжен за европски прашања, на која беа отворени темите за соработка на Евростат со Република Северна Македонија, особено во пресрет на одржувањето на претстојниот попис, кој е планирано да се реализира следната година.
„Новиот Закон за пописот е во завршна фаза во владината постапка и очекувам да биде усвоен наскоро, со што ќе влезе и во собраниска процедура. Нашиот план е дека нема да имаме пречки да го одржиме пописот во следната 2020 година, за што подготовките ќе почнат уште оваа година, со што очекувам да имаме успешен процес од кој ќе добиеме веродостојни резултати“, истакна г. Османи.




© Државен завод за статистика