+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Потпишан Меморандум за соработка со Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија
среда, 16 октомври 2019

 

Државниот завод за статистика и Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка кој има за цел развој на научно-истражувачката дејност и релевантните статистички информации во Република Северна Македонија.

Меѓусебната соработка ќе се реализира во различни области од делокругот на двете институции, а осовено внимание ќе се посвети на:
- Иницирање заеднички проекти, студии, стручни анализи за научни области од заемен интерес на двете институции
- Заедничко организирање стручни дебати за важни прашања и теми од заемен интерес на двете институции и на земјата во целост
- Заедничко организирање настани и проекти поврзани со отворање, унапредување и промоција на истражувачката инфраструктура и ресурси
- Заеднички публикации и промоции на резултатте од истражувачките активности, како и промоција на институциите
- Размена на информации, статистика, публикации
- Други области и форми на соработка
 

     

 




© Државен завод за статистика