+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Државниот завод за статистика ќе прибира податоци за употреба на информатичко-комуникациските технологии во домаќинствата
понеделник, 01 јуни 2020

 

Во периодот од 1 јуни до 22 јуни 2020 година, Државниот завод за статистика ќе ја спроведе Анкетата за употреба на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) во домаќинствата и кај поединците.

Во согласност со методологијата, со Анкетата ќе бидат прибрани податоци за:

·       Достапноста до одредени информатичко-комуникациски технологии

·       Честотата и намената на нивно користење  и

·       Информатичката писменост на населението.

Анкетата се спроведува еднаш годишно на целата територија на државата, врз база на примерок на домаќинствата.

Домаќинствата избрани да учествуваат во оваа Анкета ќе бидат посетени од посебно обучени анкетари и ќе бидат интервјуирани со еден Прашалник за домаќинство.

Методологијата е усогласена со европските стандарди, а податоците што ќе се добијат од Анкетата ќе помогнат да се добијат сознанија за степенот на развојот на информатичкото општество во нашата држава и ќе бидат меѓународно споредливи бидејќи вакви истражувања се спроведуваат и во другите европски земји.

Податоците што се прибираат со статистичките истражувања се доверливи, заштитени со Законот за државната статистика и се користат исклучиво за статистички цели.

Им се заблагодаруваме на сите домаќинства за соработката и за придонесот во обезбедувањето квалитетни статистички податоци.

За повеќе информации за Анкетата, ве молиме обратете се до:

Аида Реџепи-Јакупи  (aida.jakupi@stat.gov.mk).

 




© Државен завод за статистика