+A   |  -A
Skip Navigation Links

TP1 : Временска разлика до првите резултати  2019


Индикаторот за квалитет, TP1, го покажува просечниот број на денови до објавувањето на првите/претходните резултати во 2019 година, по статистички домени и по периодика на објавување на соопштенијата на месечни, тримесечни, полугодишни, годишни и повеќегодишни.

Вкупната просечна временска разлика до првите/претходните резултати во 2019 година изнесува 156 денови (ø 156).

По статистички домени, просечната временска разлика до првите/претходните резултати за:

- Демографските и социјалните статистики изнесува 181 ден (ø 181) и

- Економските статистики изнесува 149 денови (ø 149).

Според периодиката на објавување на соопштенијата, просечната временска разлика за:

- Mесечните соопштенија изнесува 40 денови (ø 40),

- Tримесечните соопштенија изнесува 63 денови (ø 63) и

- Годишните соопштенија изнесува 290 денови (ø 290).

По години, вкупната просечна временска разлика до првите/претходните резултати за:

- 2019 година изнесува 156 денови,

- 2018 година изнесува 155 денови,

- 2017 година изнесува 144 денови и

- 2016 година изнесува 156 денови.




Преземи го целиот документ
Преземи го методолошкото објаснување
Индикатори по години
2019
2018
2017
2016

 Назад кон индикаторите за квалитет


© Државен завод за статистика