+A   |  -A
Skip Navigation Links

TP3.12 : Временска разлика на објавување на податоците на дефинитивните резултати  2019


Индикаторот за квалитет, TP3.12, ја покажува просечната разлика во број на денови помеѓу објавувањето на податоците и планираното објавување на податоците на дефинитивните резултати во 2019 година, по статистички домени и по периодика на објавување на соопштенијата и тематските публикации на месечни, тримесечни, полугодишни, годишни и повеќегодишни.

Вкупната временска разлика на објавувањето на податоците на дефинитивните резултати во 2019 година покажува дека соопштенијата и тематските публикации се објавени на планираниот датум на објавување.

По статистички домени, временската разлика на објавувањето на податоците на дефинитивните резултати за:

- Демографските и социјалните статистики изнесува -0.1 денови,

- Економските статистики изнесува 0.0 денови и

- Животната средина и повеќедоменските статистики изнесува 0.0 денови.

Според периодиката на објавување на соопштенијата, временската разлика за месечните, тримесечните, полугодишните, годишните и повеќегодишните соопштенија изнесува 0.0 денови.

Според периодиката на објавување на тематските публикации, временската разлика за:

- Годишните тематски публикации изнесува -0.1 денови.

По години, вкупната временска разлика на објавувањето на податоците на дефинитивните резултати за:

- 2019 година изнесува 0.0 денови,

- 2018 година изнесува -0.2 денови,

- 2017 година изнесува -0.7 денови и

- 2016 година изнесува 0.3 денови.

Во 2019 година, 93.9 % (293) од објавените соопштенија и тематски публикации се објавени на планираниот датум на објавување, 3.5 % (11) се објавени пред планираниот датум на објавување и 2.6 % (8) се објавени по планираниот датум на објавување.




Преземи го целиот документ
Преземи го методолошкото објаснување
Индикатори по години
2019
2018
2017
2016

 Назад кон индикаторите за квалитет


© Државен завод за статистика