+A   |  -A
ïïï: 450 | âââ: 72784
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Економски сметки во земјоделството, по постојани цени


Начин на пресметка

За сите производи и услуги пресметани во Економските сметки во земјоделството по постојани цени, количинските и ценовните мерки се пресметуваат според следната формула :

Вредносен индекс = ценовен индекс х волуменски индекс

Ова значи дека секоја промена во вредноста е резултат или на промената на цената или на промената на волуменот или пак комбинација од двете. Волуменската промена се мери со користење на Ласперов индекс, односно промените во количините на основната серија се пондерирани според вредностите од базната година.

, каде што

p0 - цената во базната година
pn- цената во n - тата година
q0 - количината во базната година
qn - количината во n - тата година
V0 - вредноста во базната година V0=p0q0

Најдобар начин за пресметка на промените на волуменот од една во друга година е да се користи последната достапна базна година. Со овој пристап се овозможува пондерите да бидат тековно ажурирани, со што би се избегнале проблемите поврзани со пондерираните производи кои повеќе не се произведуваат и новите производи кои се воведуваат. Токму затоа при пресметка на Економските сметки во земјоделството, промената во волуменот се пресметува со користење на пондери од претходна година.

Додадената вредност се формира како билансна ставка на производната сметка. Како таква, не е возможно директно да се разграничи на две компоненти, ценовна и волуменска. Затоа за пресметување на додадената вредност по постојани цени се користи методот на дупло дефлационирање.

Бруто додадената вредност пресметана по цени од претходна година се дефинира како разлика помеѓу аутпутот пресметан по цени од претходна година и меѓуфзната потрошувачка пресметана по цени од претходна година.

Нето додадената вредност пресметана по цени од претходна година се дефинира како разлика помеѓу бруто додадената вредност по цени од претходна година и амортизацијата по цени од претходна година.

Извор на податоци

За пресметка на економските сметки по цени од претходна година, се користени инпут-аутпут индексите од Соопштението за индекси на цени на земјоделски производи, преработени на база претходна година.

За одредени производи се користени индексите од соодветната група на производи или директно пресметаните индекси од просечните цени кои при тоа се користени.

Дефиниции

Базна година - годината од која се земени цените за пресметка на пондерационата шема.

Референтна година - годината во однос на која се врши споредба при пресметка на податоците по постојани цени.

Бруто додадена вредност - претставува билансна ставка во производната сметка кај економските сметки во земјоделството. Таа претставува клучна мерка за продуктивноста на земјоделската деловна гранка во економијата и се пресметува како разлика меѓу вредноста на земјоделското производство од една и вкупната меѓуфазна потрошувачка од друга страна.

Нето додадена вредност - се пресметува со одземање на амортизацијата на фиксините средства од бруто додадената вредност.



Последно ажурирање: 29.06.2012

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Економски сметки во земјоделството 
  
  Економски сметки во земјоделството, по постојани цени
  Економски сметки во земјоделството, по тековни цени
  Регионални сметки во земјоделството


   


© Државен завод за статистика