+A   |  -A
ïïï: 455 | âââ: 72849
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Типологија на земјоделските стопанства


Извор на податоци

При определувањето на типот на земјоделското производство и на економската големина на земјоделските стопанства се користени податоци од Пописот на земјоделство во 2007 година и коефициенти на стандардната вредност на производството, кои се пресметани од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Коефициентите на стандардната вредност на производството се одредуваат за најзначајните видови растително и добиточно производство што се опфатени со Пописот на земјоделството во 2007 година 1).

Дефиниции

Вредност на производството на даден вид земјоделско производство е монетарната вредност на бруто-земјоделското производство по цена на производството продадено од земјоделското стопанство.

Стандардната вредност на производството одговара за производствен период од 12 месеци (календарска година или земјоделска производствена година) за еден хектар земјоделско земјиште, односно за една глава/грло добиток, за секој вид земјоделско производство.

Вкупната стандардна вредност на производството на земјоделското стопанство одговара на збирот на вредностите добиени од секој вид производство со множење на стандардната вредност на производството пресметани по единица со бројот на кореспондентните единици.

Економската големина на земјоделското стопанство се определува врз основа на вкупната стандардна вредност на производството на стопанството.

Врз основа на вкупната стандардна вредност на производството, земјоделските стопанства се класификуваат според нивниот економски потенцијал во една од 14-те класи на економска големина:

Класи

Лимити во евра 1)

Класи

Лимити во евра 1)

I

до 1 999

VIII

од 100 000 до 249 999

II

од 2 000 до 3 999

IX

од 250 000 до 499 999

III

од 4 000 до 7 999

X

од 500 000 до 749 999

IV

од 8 000 до 14 999

XI

од 750 000 до 999 999

V

од 15 000 до 24 999

XII

од 1 000 000 до 1 499 999

VI

од 25 000 до 49 999

XIII

од 1 500 000 до 2 999 999

VII

од 50 000 до 99 999

XIV

над 3 000 000

Типот на земјоделско производство на едно земјоделско стопанство се определува преку релативниот придонес на стандардната вредност на производството на различните видови производство на дадено земјоделско стопанство во вкупната стандардна вредност на производството.

Во зависност од бројот на деталите што се потребни, типовите на земјоделското производство се поделени на:

- Основни типови на земјоделско производство,
- Главни типови на земјоделско произодство,
- Посебни типови на земјоделско производство.
Соопштението е изработено врз основа на основните типови на земјоделското производство.

1)     За конвертирање во МКД се користи просечниот девизен курс на НБРМ за референтниот период.




Последно ажурирање: 10.09.2012

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Структура на земјоделските стопанства 
  
  Структурно истражување за земјоделските стопанства
  Типологија на земјоделските стопанства


   


© Државен завод за статистика