+A   |  -A
ïïï: 469 | âââ: 72589
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Анкета за цена на труд


Дефиниции

Со Анкетата за цената на трудот се прибираат податоци за исплатените плати и останатите издатоци на работодавецот за вработените во деловниот субјект.
Опфатени се вработените со полно и со скратено работно време, како и приправниците.
Годишниот просек на издатоците на работодавецот по вработен се пресметува врз основа на исплатените бруто-плати, (нето-плати, придонеси и персонален данок исплатени од страна на работавецот за вработените ), издатоци за обука и стручно усовршување на вработените, други издатоци, и други даноци, минус субвенциите.
Со промена на концептот за бруто-плати, од 2009 година платите ги вклучуваат надоместоците за храна и превоз. Ваквите промени треба да се земат предвид при споредба на податоците со 2006 и 2008.
Платените работни часови ги вклучуваат: фактички одработените часови и неодработените, а платени часови (часови за годишен одмор, празници, боледувања и други видови на отсуства од работа).
Фактички одработени часови се ефективните часови поминати на работа.
Анкетата се спроведува во согласност со Регулативата на Советот бр. 530/1999 и регулативите на Европската комисија бр. 1726/1999 и бр. 1737/2005.
Анкетата се спроведува во согласност со Регулативата на Советот бр. 530/1999 и регулативите на Европската комисија бр. 1726/1999 и бр. 1737/2005.
Просекот на сите трошоци е пресметан во однос на бројот на вработените за кои се исплатени наведените трошоци (на пр., просекот на трошокот за обука и стручно усовршување е пресметан како сооднос на исплатената вредност во денари и бројот на вработените за кои е исплатен), па затоа, вкупниот просек не претставува збир од наведените трошоци.

Метод на прибирање на податоците

Во Анкетата за цената на трудот единици на набљудување се деловните субјекти во приватна и во друга сопственост на територијата на Република Македонија. Извештајните единици кои се предмет на ова истражување се избрани врз база на примерок кој се состои од 4449 статистички единици. Во примерокот се опфатени претпријатија со дејност Б-О (според Националната класификација на дејностите НКД Рев.2).



Последно ажурирање: 17.04.2014

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика