+A   |  -A
ïïï: 1159 | âââ: 85108
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Умрени лица од насилна смрт


Статистичкото истражување за умрени лица обезбедува податоци за умрените лица според видот и причината за смрт и според определени демографски, економски, социјални и други белези.

Oпфат

Статистиката на умрени лица ги опфаќа сите случаи на смрт.

Извештајни единици - се матичните служби кои водат матична книга на умрени, согласно Законот за матична евиденција - Управа за водење на матичните книги- орган во состав на Министерството за правда.

Насилната смрт ги опфаќа случаите настанати поради несреќни случаи, самоубиства и убиства.

Надворешната причина за смрт кај несреќен случај - групирањето на умрените од несреќен случај според овој белег (смртта настапила заради повреди на телото предизвикани од некоја надворешна причина - судар на моторни возила, паѓања, давења итн.) е извршено според Меѓународната статистичка класификација на болестите и на сродните здравствени проблеми -10 та Ревизија.

Самоубиствата и убиствата - се распределени според видот на оружјето, односно начинот или средството со кое е извршено самоубиството или убиството според Меѓународната статистичка класификација на болестите и на сродните здравствени проблеми -10 та Ревизија.



Последно ажурирање: 11.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика