+A   |  -A
ïïï: 1101 | âââ: 84830
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Индекси на увозни цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19)


Цели

Индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) ги мерат промените на нивото на увозните цени за увезените индустриски производи (нафтени производи) што припаѓаат на одделот 19.

Класификации и публикување на податоците

Увозните цени на нафтените производи се прибираат и се обработуваат според Класификацијата на производи по дејности (КПД/2015) и Царинската номенклатура.
Индексите за одделот 19 се пресметуваат и се објавуваат според Националната класификација на дејностите (НКД Рев. 2) а по поткатегории, според КПД,2015.

Индексите ги покриваат поткатегориите:
- 19.20.21 Моторен бензин,
- 19.20.24 Горива за млазни мотори од бензински вид и керозин,
- 19.20.26 Гасни масла (дизел),
- 19.20.28 Масло за ложење, неспоменати на друго место (мазут) и
- 19.20.31 Пропан и бутан, течни (ТНГ).

Прибирање на податоците

Цените, кои се основа за пресметување на индексот, се прибираат (се преземаат) од статистичкото истражување „Надворешна трговија” (НТ).
Избраните увезени производи покриваат 90.07 % од вкупната фактурирана вредност на увезените производи што припаѓаат на оддел 19.

Цени

Просечната месечна увозна цена на еден производ се пресметува кога вкупната фактурирана вредност од тој производ, во денари, ќе се подели со вкупното количество од истиот производ во единица мерка во соодветниот месец.
Увозните цени на индустриските производи од базниот период се пресметана аритметичка средина на месечните увозни цени во 2015 година.

Пондерирање

За пондерирање се користи фактурираната вредност во денари од „Надворешна трговија, 2015 година“.
Пондерите се менуваат секоја петта година.


Пресметки

(1) Месечните индекси на увозните цени се пресметуваат со користење на Ласперовата формула.


I(t/0) - индекс на оддел, поткатегорија
P (ti) - цена на производот „i“ во тековниот месец
P (oi) - цена на производот „i“ во базниот период
W (oi) - пондер на производот „i“ во базниот период
n - број на производи

Индексот на увозните цени, на различно ниво според НКД и КПД, се пресметува во два чекора:
- во првиот чекор се пресметуваат индивидуални индекси за секој производ (на најниско ниво од 10 цифри од Царинската номенклатура) за секоја индивидуална цена, како однос помеѓу цената од тековниот месец со цената од базниот период;
- во вториот чекор се сумираат индивидуалните индекси за секој производ со пондерирање на повисоко ниво (поткатегорија, оддел).

(2) Покрај месечниот индекс како основен индекс, се пресметуваат и се објавуваат следните индекси:
- индекс од тековниот месец во однос на индексот од претходниот месец,
- индекс од тековниот месец во однос на индексот од декември од претходната година,
- индекс од тековниот месец во однос на индексот од истиот месец од претходната година,
- просечен месечен индекс заклучно со тековниот месец во однос на истиот просечен месечен индекс од претходната година.

Публикување

Месечно:
- Соопштение „Индекси на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19)“
- МАКСтат - база на податоци



Последно ажурирање: 03.05.2018

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Цени 
  
  Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар
  Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари
  Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно
  Индекси на увозни цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19)
  Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
  Индекси на цените во угостителството
  Индекси на цените во земјоделството
  Индекси на цените на мало и на трошоците на животот
  Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало
  Цени на земјоделските производи на зелените пазари, пазарите на големо и на добиточните пазари
  Откуп и продажба на земјоделски производи, тримесечни податоци


   


© Државен завод за статистика