+A   |  -A
ïïï: 2485 | âââ: 78839
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Основни и средни училишта на крајот на учебната година


Извор

Извор на податоците се сите извештаи пополнети од страна на извештајните единици (УОК, УМК, УОВК, УСК и УСНК) на крајот на учебната година.

Извештајни единици

Извештајна единица е секое основно и средно училиште верификувано од страна на Министерството за образование и наука кое работи за време на спроведувањето на истражувањето.

Опфат

Опфатени се сите видови основни училишта (редовни, специјални, училишта за возрасни) и сите видови средни училишта (редовни, специјални и верски), со состојба на крајот на учебната година.

Дефиниција

Под поимот училиште се смета организација или воспитно-образовна единица која врши настава од одреден вид, по одреден наставен план и програма, со еден или повеќе наставници, без оглед на тоа дали таа организација има самостојна управа или е под раководство на некоја друга управа. Секоја географски одвоена извештајна единица, исто така, се смета за училишна единица.

Основното образование во Република Македонија има за цел стекнување на општо образование и подготвување за понатамошно општо или стручно образование. Основното образование трае 9 години и е задолжително и бесплатно. Основни училишта се: редовните основни училишта кои можат да бидат самостојни или подрачни; специјалните основни училишта - за ученици со пречки во психофизичкиот развој; училиштата за основно образование на возрасни кои им овозможуваат на лица постари од 15 години да се здобијат со основно образование.

Средното образование овозможува стекнување на знаења и развивање на способности за работа и натамошно образование. Средното образование, според Законот за средното образование, се остварува преку образовни планови и програми за: гимназиско, средно стручно, средно уметничко и средно специјално образование за учениците попречени во психофизичкиот развој. Гимназиското и средното уметничко образование траат по 4 години, додека средното стручно образование трае 3 или 4 години. Средното образование се остварува во средни училишта кои се организираат како јавни (државни) училишта и приватни училишта.



Последно ажурирање: 09.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика