+A   |  -A
ïïï: 472 | âââ: 72582
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки


Податоците за установите за згрижување и воспитание на деца - детски градинки / центри за ран детски развој (државни и приватни) се прибираат со редовно годишно истражување, со состојба на 30 септември.

Податоците за деца во развоен период до 2 години, деца во развоен период од 2 години до поаѓање во училиште, комбинирана група, деца со пречки во развојот, групи на деца - центар за ран детски развој во состав на детска градинка, групи за пилот програми, групи за вонинституционална форма на активност и други групи (престој и исхрана) се на ниво на установите за згрижување и воспитание на деца - детски градинки / центри за ран детски развој и се однесуваат на календарската година.

Установите за згрижување и воспитание на деца - детски градинки / центри за ран детски развој обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата во согласност со нивните развојни потреби на возраст до 6 години, во повеќе видови групи.

Групите на деца во развоен период до 2 години ја вршат функцијата на комплетна нега и остваруваат одредено воспитно влијание врз децата на возраст до 2 години.

Групите на деца во развоен период од 2 години до поаѓање во училиште систематски се занимаваат со воспитание и образование на децата на возраст до 6 години.

Комбинираната група на деца систематски се занимава со згрижување, воспитание и образование на деца на возраст од 12 месеци до 6 години.

За деца со пречки во развојот се сметаат: слепи и слабовидни деца, глуви и наглуви деца, деца со пречки во говорот, деца со телесна инвалидност, како и деца со тешкотии во однесувањето и личноста. Згрижувањето и воспитанието на овие деца се организирани во редовните групи.

Групи на деца - центар за ран детски развој во состав на детска градинка ги опфаќа групите во развоен период од 3 години до поаѓање во училиште и систематски се занимава со воспитание и образование на деца, со времетраење до три часа дневно, со флексибилно работно време.

Групите за вонинституционална форма на активност се наменети за деца на возраст од 3 години и тие опфаќаат игровни активности, креативни работилници, детски работилници од областа на културата и уметноста, спортски активности и слично.

Други групи (престој и исхрана) се групи што ги згрижуваат школските деца пред или по завршената настава во основните училишта во кои нема дневен престој. Во „Вкупно” не се прикажани податоците за овој вид групи.



Последно ажурирање: 01.03.2017

 
Претходни методолошки објаснувањаДатум
Преземи 20.06.2014
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика