+A   |  -A
ïïï: 453 | âââ: 72841
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Потрошувачка кошница, цени и плати


Потрошувачката кошница на исхрана и пијалаци е формирана врз основа на податоците што ги обезбедува Државниот завод за статистика со своите редовни истражувања, и тоа:
- статистичкото истражување "Анкета за потрошувачка на домаќинствата" (АПД) со која се обезбедуваат податоци за просечно потрошените количества на одделни артикли за лична потрошувачка;
- статистиката на цените на мало, која дава податоци за тековните цени според кои трговијата на мало, производителите и вршителите на услуги му ги продаваат своите производи и услуги на крајниот потрошувач;
- статистиката на платите, која дава податок за просечните исплатени нето-плати по работник за месецот.
Потрошувачката кошница опфаќа производи од категоријата исхрана и пијалаци.
Сите производи од категоријата исхрана и пијалаци кои ја сочинуваат кошницата се одредени како просечни месечни потреби на едно четиричлено неземјоделско домаќинство и тој список на производи е константен (исти производи-исти количества), во текот на една година.
За формирање на кошницата од АПД е направен избор на репрезентативни производи кои ја покажуваат просечната потрошувачка за исхрана и пијалаци без претензии да означуваат граничен случај на било кој начин.
Цените на мало на производите од кои е формирана потрошувачката кошница се пресметани врз основа на нивно редовно месечно следење во 8 градови во Република Македонија.




Последно ажурирање: 21.03.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Животен стандард 
  
  Лаекен индикатори за сиромаштијата
  Потрошувачка кошница, цени и плати
  Сиромаштија


   


© Државен завод за статистика