+A   |  -A
ïïï: 1095 | âââ: 84840
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Бесправно изградени објекти


Извори и методи на прибирање на податоците

Податоците за бесправно изградените објекти се прибираат со Годишниот статистички извештај за бесправно изградени објекти, ГРАД. 71А.

Опфат

Годишниот статистички извештај за бесправно изградени објекти, ГРАД. 71А го пополнуваат градежните инспекции во општините, надлежни за работите од областа на урбанизмот.

Дефиниции

Градежен објект е секоја одвоена, самостојна функционална целина чија намена е однапред определена и е трајно лоцирана на одредена територија.

Зграда е градежен објект со надземна градба која вообичаено е составена од темели и надворешни ѕидови и е покриена со покрив, а нејзината намена е за различни цели, односно за трајно, постојано користење и сместување на луѓе и добра.

Гаражата е градежен објект којшто за да биде опфатен со ова истражување, треба да биде изграден како издвоена, самостојна функционална целина и не е во состав на зградата.

Оградите, терасите, скалилата, летните тераси и настрешниците се градежни објекти коишто во ова истражување се посматрани како посебни објекти, без оглед на тоа дали се или не се во состав на зградата.



Последно ажурирање: 25.06.2012

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика