+A   |  -A
ïïï: 458 | âââ: 72486
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Број на активни деловни субјекти


Правна основа

Правна основа за воспоставување, водење и ажурирање на Статистичкиот деловен регистар е Законот за државната статистика (“Службен весник на Република Македонија” бр.54/97) и Законот за измени и дополнувања на Законот за државната статистика (“Службен весник на Република Македонија” бр. 21/2007), како и Регулативата (ЕЗ) бр. 177/2008 од Европскиот парламент и Советот за воспоставување заедничка рамка за деловни регистри за статистички цели и за укинување на Регулативата (ЕЕЗ) бр. 2186/93.

Извори на податоци

Основен извор на податоци со кој се обезбедува целосен опфат на деловните субјекти и нивните организациони единици во Статистичкиот деловен регистар е Централниот регистар на РМ, кој е надлежен за водењето на Трговскиот регистар и за Регистарот на останати правни лица. Освен основниот извор на податоци, Државниот завод за статистика обезбедува податоци и од други дополнителни административни извори.

Опфат

Во Статистичкиот деловен регистар се опфатени деловни субјекти со седиште на територијата на Република Македонија и нивните организациони единици, без оглед на нивната големина, облик на организирање, институционален сектор и сектор на дејности од Националната класификација на дејности - НКД Рев.2, во кој се распределени според главната дејност што ја вршат, а кои се регистрирани претходно од надлежен орган.

Дефиниции

Деловни субјекти
се сите правни и физички лица што вршат некоја од дејностите утврдени во Националната класификација на дејностите, со седиште на територијата на Република Македонија, регистрирани од надлежен орган во согласност со закон, односно основани со закон, како и организационите единици на странски трговски друштва и странски трговци-поединци што вршат дејност на територијата на Република Македонија.

Правни лица се сите форми на правна конструкција организирана според прописите на државата (трговски друштва, институции, установи, здруженија и други организации) со утврдени права и обврски, кои својството на правно лице го стекнуваат со денот на нивната регистрација во соодветен надлежен регистар.

Физички лица се субјектите (самостојни извршители на дејности, занаетчии, индивидуални земјоделци, трговци поединци) што поседуваат права и обврски, а својството на правен (деловен) субјект им е признаено врз основа на постојните законски прописи.

Активни деловни субјекти се сите деловни субјекти што учествуваат во создавањето на бруто-домашниот производ, а како основен критериум за утврдување на активноста на субјектите се податоците за приход и/ или вработени.

Главна дејност е дејноста што има најголемо учество во структурата на приходот на деловниот субјект, кој го остварил од вршење на дејностите.



Последно ажурирање: 08.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Деловни субјекти 
  
  Број на активни деловни субјекти
  Демографија на претпријатија


   


© Државен завод за статистика