+A   |  -A
ïïï: 1831 | âââ: 72612
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Демографија на претпријатија


Правен основ

Правен основ за обработка, подготовка и дисеминација на податоците за демографија на претпријатијата е Регулативата бр.295/2008 на Европскиот парламент и на Советот од 11 март 2008 година, што се однесува на структурните деловни статистики (Анекс IX).

Извори на податоци

Основен извор за подготовка на податоците за демографијата на претпријатијата во Република Македонија е Статистичкиот деловен регистар којшто, врз основа на Законот за државната статистика, се води во Државниот завод за статистика.

Опфат

Опфатена е популацијата на активни претпријатија чијашто главна дејност според Националната класификација на дејностите-НКД Рев.2 припаѓа во секторите:

- Рударство и вадење на камен;
- Преработувачка индустрија;
- Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација;
- Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината;
- Градежништво;
- Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли;
- Транспорт и складирање;
- Објекти за сместување и сервисни дејности со храна;
- Информации и комуникации;
- Финансиски дејности и дејности на осигурување (без класа 64.20 - Дејности на холдинг-друштвата);
- Дејности во врска со недвижен имот;
- Стручни, научни и технички дејности;
- Административни и помошни услужни дејности;
- Образование;
- Дејности на здравствена и социјална заштита;
- Уметност, забава и рекреација;
- Други услужни дејности;

Покрај класата 64.20, од опфатот се исклучени и претпријатијата кои според нивната главна дејност припаѓаат во секторите:
- Земјоделство, шумарство и рибарство
- Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување
- Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби
- Дејности на екстратериторијални организации и тела.

Дефиниции

Статистичкиот деловен регистар е збирка на податоци за правни единици (деловни субјекти) и статистички единици.

Основен извор на податоците за водење и ажурирање на Статистичкиот деловен регистар (СДР) е Централниот регистар на Република Македонија кој е надлежен за водење на Трговскиот регистар и регистарот на останати правни лица (со кој се обезбедува целосен опфат на деловните субјекти и нивните организациони единици) и Регистарот на годишни сметки (врз основа на кој се утврдува статусот на економската активност на единиците во СДР).

Деловни субјекти се правни и физички лица кои вршат дејност на територијата на Република Македонија, претходно регистрирани кај надлежен орган во согласност со закон или основани со закон. Деловните субјекти се основа за креирање и ажурирање на статистичката единица-претпријатие.

Правни лица се сите форми на правна конструкција организирана според прописите на земјата (трговски друштва, институции, установи, здруженија и други организации) со утврдени права и обврски, кои својството на правно лице го стекнуваат со денот на нивната регистрација во соодветен надлежен регистар.

Физички лица се субјектите (самостојни извршители на дејности, занаетчии, трговци поединци) кои поседуваат права и обврски , а својството на правен (деловен) субјект им е признаено врз основа на постоечките законски прописи.

Статистички единици се единици креирани исклучиво според статистички критериуми (за статистички цели).

Претпријатието е основна статистичка единица и претставува најмала комбинација на правни единици, односно тоа е организациона единица, производител на стоки и услуги, која поседува одреден степен на автономија во одлучувањето, особено за прераспределување на своите тековни ресурси (Регулатива на ЕУ бр.696/1993 за статистички единици).

Популацијата на активни претпријатија се состои од оние претпријатија кои во кое било време во текот на референтната година имале приход и/или вработени.

Главна (претежна) дејност е дејноста која има најголемо учество во структурата на приходот на претпријатието што го остварило од вршење на дејностите.

Основни демографски појави се создавањата и згаснувањата на претпријатијата.

Создавање на претпријатие претставува независен настан кој влијае само на едно претпријатие во популацијата на активни претпријатија и опфаќа креирање на една нова комбинација на производствени фактори. Настаните како што се спојување, раздвојување, преземање, издвојување, се исклучуваат од процесот на создавање на претпријатие, како и реактивирањето на претпријатие кое било во мирување помалку од две години не се смета за новосоздадено претпријатие.Новосоздадените претпријатија се идентификуваат со споредба на популацијата на активните претпријатија во референтната година хх, со популацијата на активните претпријатија во годината хх-1 и популацијата на активните претпријатија во годината хх-2.

Згаснување на претпријатие претставува настан кој се однесува на престанување (згаснување) на една комбинација на производствени фактори, со ограничување други претпријатија да не се вклучени во тој настан. Настаните како што се спојување, раздвојување, преземање, издвојување, се исклучуваат од процесот на згаснување на претпријатие, како и претпријатијата кои по мирување помалку од две години се реактивираат и продолжуваат со својата активност, не се сметаат за згаснати претпријатија.Згаснатите претпријатија се идентификуваат на тој начин што популацијата на активните претпријатија во референтната година хх се споредува со популацијата на активните претпријатија во годината хх +1 и популацијата на активните претпријатија во годината хх+2.

Референтна година е годината за која се пресметува популацијата на активните, новосоздадените и згаснатите претпријатија.

Преживеани претпријатија

Претпријатието кое е создадено во годината xx и е активно во наредната година (xx+1), т.е. има промет и/или вработени се смета за преживеано претпријатие. Популацијата на преживеани претпријатија се идентификува на тој начин што популацијата на новосоздадените претпријатија и преживеаните претпријатија во годината хх се споредува со популацијата на активните претпријатија во годината хх+1.



Последно ажурирање: 17.06.2014

 
Претходни методолошки објаснувањаДатум
Преземи 25.01.2012
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Деловни субјекти 
  
  Број на активни деловни субјекти
  Демографија на претпријатија


   


© Државен завод за статистика