+A   |  -A
ïïï: 756 | âââ: 70677
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Попис на капацитетите во угостителството (први резултати), 2016 година


Вовед

Пописот на капацитетите во угостителството беше спроведен во периодот од 1 до 12 ноември 2016 година во согласност со Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија“ бр.54/97, 21/07, 51/11, 104/13, 42/14, 192/15 и 27/16) и Програмата за статистички истражувања 2013-2017 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.20/13, 24/14, 13/15 и 7/16 ).

Предмет на посматрање беше секој одделен угостителски објект со неговите карактеристики: локација, дејност, големина на објектот, број на вработени и друго.

Попишувањето на угостителските објекти се изврши со интервју, односно податоците ги прибраа попишувачи кои беа избрани и обучени од Државниот завод за статистика.

Методологијата што се користеше во овој Попис беше усогласена со стандардите дефинирани од ЕВРОСТАТ и беше прилагодена кон актуелната состојба во угостителството.

Единици на попис и опфат

Угостителски објект е секоја угостителска деловна единица во која на гостите им се даваат угостителски услуги, т.е. сместување, исхрана и точење на пијалаци и други услуги кои вообичаено се вршат во угостителството.

Со Пописот беа опфатени сите угостителски објекти на територијата на Република Македонија во составот на угостителски деловни субјекти, неугостителски деловни субјекти кои во својот состав имаат угостителска деловна единица, како и самостојните угостителски дуќани.

Метод на спроведување

Истражувањето Попис на угостителските капацитети на територијата на Република Македонија се спроведе со метод на интервју.

Критичен момент

Критичен момент на Пописот на угостителските капацитети беше состојбата на 30.09.2016 година. Овој Попис се спроведе истовремено со Пописот на продажните капацитети во трговијата на мало.



Последно ажурирање: 14.02.2017

 
Претходни методолошки објаснувањаДатум
Преземи 17.03.2011
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Попис на угостителските објекти 
  
  Попис на капацитетите во угостителството (први резултати), 2016 година


   


© Државен завод за статистика