+A   |  -A
ïïï: 470 | âââ: 72740
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Користење на информатичко-комуникациски технологии во јавниот сектор


Предмет на истражувањето е опременоста и употребата на информатичко -комуникациските технологии во јавниот сектор1) во Република Македонија во 2009 година.

Единици на набљудување се органите на јавната администрација (министерствата и другите државни органи, судовите, управите, државните агенции, бироа, заводи), јавните претпријатија2) и локалната самоуправа во сите општини во Република Македонија.

Во истражувањето беа вклучени 191 статистички единици. Од нив, одговорија 166, односно процентот на одговор е 87%.

Податоците кои се објавуваат се однесуваат на субјектите во јавниот сектор кои одговориле на прашалникот (образец ИКТ.4), а тоа се: 14 министерства и Владата на Република Македонија, 45 државни агенции, институции, организации, 25 јавни претпријатија и 81 единици на локалната самоуправа-општини.



Последно ажурирање: 11.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика