+A   |  -A
ïïï: 478 | âââ: 72631
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Индекси на прометот во индустријата


Состојба: 17.03.2011


Начин на пресметка

Индексите на прометот во индустријата се пресметуваат со споредба на агрегираните податоци за вредноста на прометот во индустријата по тековни цени. Вредностите на прометот не се коригирани со промените во цените, при што 2010 година е базна година. Индексите на прометот ја одразуваат промената на вредноста на продажбата и промените во цените.

Применети класификации

При прибирањето на податоците во Месечниот извештај за прометот во индустријата и објавувањето на резултатите се користат Националната класификација на дејностите Рев.2 (“Службен весник на Република Македонија” бр. 147/2008 година) и Националната номенклатура на индустриски производи 2008 (“Службен весник на Република Македонија” бр.75/2009 година).

Препораки

Индексот на прометот во индустријата се базира на препораките на ЕУРОСТАТ во “Методологијата за краткорочни деловни статистики” од 2006 година и е хармонизиран со Регулативата 1165/98 на Европската комисија.

   


© Државен завод за статистика