+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Истражување и развој, 2018

 


Во оваа публикација Државниот завод за статистика објавува податоци од областа на истражувачко-развојната дејност во Република Северна Македонија за 2018 година.

Истражувањето се спроведува со годишна периодика.

Методологијата за ова истражување е променета и приспособена кон меѓународните дефиниции и стандарди за првпат во 1998 година. Во 2016 година повторно се направени промени во методологијата на ова истражување со цел усогласување со упатството Frascati.

Промените што се извршени во истражувањето беа неопходни заради систематскиот развој на истражувањата и усогласувањето со методологијата на ОЕЦД − упатството Frascati, сè со цел обезбедување податоци со поголема меѓународна споредливост.

Податоците се прикажани на ниво на државата, врз основа на статистичка анализа на добиените годишни извештаи собрани од деловните субјекти што извршувале истражувачко-развојна дејност во Република Северна Македонија во календарската 2018 година.

Очекуваме дека публикацијата ќе ја исполни својата функција и дека на корисниците ќе им даде доволно детални статистички информации од областа на истражувачко-развојната дејност.

Почитувани корисници, сите евентуални забелешки, предлози и сугестии за подобрување на изданието, Државниот завод за статистика ќе ги прими со благодарност.


           
Датум на издавање: 18.12.2019
PDF:   Преземи ја публикацијата  936KB
Excel:    Преземи табели
   
Број на страници:
ISBN: 978-608-227-326-6
ISSN: 1409-8997
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 



© Државен завод за статистика