+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, март 2020 година

среда, 29 април 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2020 година, во однос на март 2019 година, изнесува 86.6.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање од 10.8 %, во секторот Преработувачка индустрија од 14.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација производството опаднало за 11.5 %.

Намалувањето на производството во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 12.0 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 11.9 %, Капитални производи за 20.1.%, Трајни производи за широка потрошувачка за 7.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за

11.1.%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари − март 2020 година, во однос на периодот јануари − март 2019 година, изнесува 96.3.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика