+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Структурни деловни статистики


Структурни деловни статистики, 2012 година
-дефинитивни податоци-


петок, 21 март 2014


Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, во 2012 година, во рамките на структурните
деловни статистики се анализирани 54 392 деловни субјекти со 335 771 вработени лица, во кои е остварен
вкупен промет од 947 410 милиони денари и е создадена додадена вредност од 197 989 милиони денари.


Најголем број од претпријатијата спаѓаат во секторот Трговија на големо и на мало ( 44.6%), со 28.1% од вкупниот
број на вработени и реализирани 41.6% од вкупниот промет. Како втор по значење, секторот Преработувачка
индустрија учествува сo 13.3% од претпријатијата, 30.2% од вработените и 26.6% од вкупниот промет.


Во вкупната додадена вредност, пресметана според фактор на трошок, во 2012 година, најголемо учество
имаат претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија (25.8%) и секторот Трговија на големо и на мало
(23.3%).


Во однос на големината, во 2012 преовладуваат микро претпријатијата со помалку од 10 вработени (91.2%).
Во нив се ангажирани 33.7% од вкупно вработените и 25.1% од вкупната додадена вредност. Од друга страна,
во големите претпријатија (0.2%) се ангажирани 23.3% од вкупниот број на вработени, со остварени 34.4% од
вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 680

е-пошта:  snezana.sipovic@stat.gov.mk  vilma.gudeska@stat.gov.mk
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика