+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Структурни деловни статистики


Структурни деловни статистики, 2013 -претходни податоци-

петок, 31 октомври 2014


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во 2013 година, во рамките на структурните
деловни статистики се анализирани 53 793 деловни субјекти со 335 677 вработени лица, во кои е остварен
вкупен промет од 963 846 милиони денари и e создадена додадена вредност од 207 724 милиони денари.
Најголем број од претпријатијата спаѓаат во секторот Трговија на големо и на мало (43.8%), со 27.0% од вкупниот
број на вработени и реализирани 44.2% од вкупниот промет. Како втор по значење, секторот Преработувачка
индустрија учествува сo 13.1% од претпријатијата, 30.7% од вработените и 23.7% од вкупниот промет.
Во вкупната додадена вредност, пресметана според фактор на трошок, во 2013 година, најголемо учество
имаат претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија (24.6%) и секторот Трговија на големо и на мало
(23.5%).
Во однос на големината, во 2013 преовладуваат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90.9%).
Во нив се ангажирани 34.1% од вкупно вработените кои, пак, создале 23.9% од вкупната додадена вредност.
Од друга страна, во големите претпријатија (0.2%) се ангажирани 21.9% од вкупниот број на вработени со
остварени 33.6% од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 680

е-пошта:  snezana.sipovic@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика