+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Структурни деловни статистики


Структурни деловни статистики, 2015 -дефинитивни податоци

петок, 10 март 2017


Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, во 2015 година, во рамките на структурните
деловни статистики се анализирани 54 738 деловни субјекти со 369 237 вработени лица, во кои е остварен
вкупен промет од 1 075 007 милиони денари и e создадена додадена вредност од 230 424 милиони денари.
Во однос на претходната година, забележан е пораст на прометот за 6.2% и на вкупната додадена вредност
за 8.1%. Најголем пораст е забележан во секторот Градежништвото (прометот 17.7%, додадената вредност
19.8%).
Најголем дел од претпријатијата припаѓаат на секторот Трговија на големо и на мало (41.8%) каде што со
ангажирани 25.7% од вкупно вработените и се реализирани 42.4% од вкупниот промет, односно 23.6% од
вкупната додадена вредност.
Најголем дел од вработените (30.7%) се ангажирани во секторот Преработувачка индустрија во кој се создадени
26.0% од вкупната додадена вредност. Сепак, од не помало значење е и учеството во додадената вредност на
секторите Градежништво (10.3%) и Транспорт и складирање (9.1%).
Во однос на големината, во 2015 година преовладуваат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени
(90.4%), од кои најголем дел се од областа на трговијата. Со ангажирани 32.5% од вкупно вработените, создале
21.9% од вкупната додадена вредност. Од друга страна, во големите претпријатија (0.3%), главно од секторот
Преработувачка индустрија, се ангажирани 25.6% од вкупниот број на вработени, со остварени 35.5% од
вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика