+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Структурни деловни статистики


Структурни деловни статистики, 2008 година

петок, 18 март 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика за основните структурни показатели за деловните субјекти од нефинансиската деловна економија, во 2008 година се забележани вкупно 53 152 активни деловни субјекти во кои биле вработени 290 261 лица. Во овие деловни субјекти е остварен вкупен промет од 821 496 милиони денари и додадена вредност во износ од 192 861 милиони денари.

Најголемо е учеството на деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало (49.3%) каде што биле вработени 25.4% од вкупниот број на вработени. Во рамките на овие субјекти е остварен промет од 314 126 милиони денари, односно 38.2% од вкупниот промет.

Во секторот Преработувачка индустрија, кој претставува 16.7% од активните деловните субјекти во 2008 година, биле вработени 38.0% од вкупниот број на вработени лица, а во него се остварени 31.5% од вкупниот прометот.

Во вкупната додадена вредност пресметана според трошоците за факторите на производство, во 2008 година, најголемо учество имале претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија (28.3%), а потоа следат секторите Трговија (25.5%) и Сообраќај, складирање и врски (17.2%). Најмал придонес во додадената вредност имал секторот Хотели и ресторани (2.3%).

Во однос на големината на претпријатијата, во 2008 година, најголемо (93.2%) е учеството на оние претпријатија кои вработуваат од 0 до 9 лица. Во нив биле вработени 34.4% од вкупно вработените кои, пак, создале 24.2% од додадената вредност. И покрај тоа што ангажираат помалку вработени (27.2%), сепак, во 2008 година, придонесот на големите претпријатија во додадената вредност е најголем (37.9%).





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 680

е-пошта:  snezana.sipovic@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика