+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Структурни деловни статистики


Структурни деловни статистики, 2009 година

понеделник, 29 август 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, а во согласност со прелиминарните податоци за основните структурни показатели за деловните субјекти од нефинансискиот сектор, во 2009 година се забележани вкупно 55 654 активни деловни субјекти во кои биле вработени 300 945 лица. Во овие деловни субјекти е остварен вкупен промет од 727 802 милиони денари и додадена вредност во износ од 203 897 милиони денари.
Најголемо е учеството на деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало (49.7%) каде што биле вработени 28.3% од вкупниот број на вработени. Во рамките на овие субјекти е остварен промет од 327 068 милиони денари, односно 44.9% од вкупниот промет.
 
Во секторот Преработувачка индустрија, кој претставува 14.1% од активните деловните субјекти во 2009 година, биле вработени 34.2% од вкупниот број на вработени лица, а во него се остварени 25.2% од вкупниот промет.
 
Во вкупната додадена вредност пресметана според трошоците за факторите на производство, во 2009 година, најголемо учество имале претпријатијата од секторот Трговија на големо и на мало (26.9%), а потоа следат секторите Преработувачка индустрија (25.2%) и Сообраќај , складирање и врски (17.0%). Најмал придонес во додадената вредност имал секторот Хотели и ресторани (1.9%).
 
Во однос на големината на претпријатијата, во 2009 година, најголемо (92.8%) е учеството на оние претпријатија кои вработуваат од 0 до 9 лица. Во нив биле вработени 33.6% од вкупно вработените кои, пак, создале 26.9% од додадената вредност. И покрај тоа што ангажираат помалку вработени (24.2%), сепак, во 2009 година, придонесот на големите претпријатија во додадената вредност е најголем (37.1%).





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 680

е-пошта:  snezana.sipovic@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика