+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Внатрешна трговија


Индекси на прометот во услугите, 2014 ꟷ 2017 година

петок, 29 март 2019


Во 2017 година, вкупниот индекс на прометот во услугите, во споредба со 2016 година, на годишно ниво изнесува 100.9, додека по тримесечја индексот во 2017 година се движи од 87.6 во првото тримесечје до 109.5 во четвртото тримесечје.

Индексот на прометот во услугите постојано се зголемува во текот на 2017 година и во второто тримесечје во однос на првото изнесува 116.2, во третото тримесечје 104.4 во однос на второто и 103.0 во четвртото тримесечје во однос на третото тримесечје.

Споредено со базната година (2015), во 2017 година највисок раст на годишно ниво е забележан кај поштенските и курирски дејности (за 45.1 %) и во правните и сметководствените дејности (за 13.6 %). Прометот, исто така, се зголеми и во туристичките агенции, организаторите на патувања (туроператори) и останатите резервациски услуги, како и во дејностите поврзани со нив (12.6 %) и во дејностите на изнајмување и давање под закуп (лизинг), за 10.2%, додека најмногу се намали во филмската дејност, продукцијата на видео и телевизиска програма и дејностите на снимање звучни записи и музичко издаваштво (за 28.3 %) и во издавачката дејност (за 10.1 %). Прикажаниот тренд во графиконот 1, за периодот 2014 ꟷ 2017 година, покажува мало зголемување на индексот на прометот на услугите.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика