+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Структурни деловни статистики


Домашни претпријатија контролирани од странство (iFATS), 2016 – 2017 година

четврток, 26 декември 2019


Странска филијала претставува домашнo претпријатие контролирано од нерезидентнa (странска) институционална единица. Статистиката на странските филијали ја покажува економската активност на резидентните претпријатија во земјата во кои странскиот капитал (од една или од повеќе земји) учествува во вкупниот капитал со над 50 %. Основна цел на овие податоци е да се прикаже учеството на овие претпријатија и нивното влијание во домашната економија.

Во 2017 година, 1967, односно 3.6 % од вкупниот број претпријатија (55 359) кои работеле во рамките на нефинансискиот деловен сектор, биле странски филијали, односно домашни претпријатија контролирани од нерезидентни институции. Во нив биле ангажирани 18.7 % од вкупно вработените, кои реализирале 36.8 % од вкупниот промет, односно создале 31.4 % од вкупната бруто-додадена вредност во набљудуваниот опфат.

Во однос на 2016 година, забележан е пораст на бројот на претпријатијата под странска контрола за 7.6 %, на вработените за 16.7 %, прометот за 15.9 %, а на додадената вредност за 7.9 %.

Странските филијали бележат активност, главно, во следните сектори: Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила со 34.2 %, Преработувачка индустрија со 15.6 %, Стручни, научни и технички дејности со 11.8 % и Информации и комуникации со 10.1 %.

57.3 % од странските филијали биле контролирани од земјите на ЕУ, но од големо значење е и учеството на странските филијали од Турција со 12.3 %, Србија со 8.6 % и Швајцарија со 3.9 %.

Во странските филијали, биле ангажирани 72 928 вработени, од кои 72.1 % во филијалите на земјите од ЕУ. 

Бруто-додадената вредност создадена од странските филијали учествува во вкупната додадена вредност со 31.4 %, од кои 16.8 % во Индустријата (12.6 % се во Преработувачката индустрија, а 2.5 % во енергетскиот сектор), Трговијата со 5.0 %, Градежништвото со 1.8 %, додека услугите учествуваат со 7.8 %, главно, како резултат на активностите во секторот Информации и комуникации со 4.6 %.

 

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика