+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Образование и наука


Магистри на науки и специјалисти, 2019

среда, 25 март 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1 916 лица од кои 1 736 или 90.6% се магистри и 180 или 9.4% се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2018 годинa, е зголемен за 1.6%.

Учеството на жените магистри во вкупниот број на лица кои стекнале научен степен магистер на науки, во 2019 година изнесува 60.1%.

Во 2019 година, најголем број од магистерските трудови, 1 081 или 62%, се од областа на општествените науки, 23% се од областа на техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика