+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Образование и наука


Доктори на науки, 2019 година

среда, 25 март 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година, звањето доктор на науки го стекнале 204 лица што претставува намалување за 16 % во споредба со 2018 година.

Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 43.1 %, потоа на медицинските науки докторирале 22.5 %, следат техничко-технолошките науки со 14.2 %, а останатите лица докторирале во областа на хуманистичките науки, природно-математичките науки и биотехничките науки.

Бројот на жените што одбраниле докторска дисертација во текот на 2019 година изнесува 122 што претставува 59.8 % од вкупниот број лица што докторирале во 2019 година.

Од вкупниот број докторирани лица, најголем процент, 24 %, својата професија ја вршат во образовната дејност.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика