+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Економски сметки во земјоделството


Економски сметки во земјоделството, 2018 година

понеделник, 30 март 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2018 година изнесува 53 389 милиони денари и во однос на 2017 година бележи номинален пораст од 18.9 %.

Растителното производство во 2018 година, кое учествува со 69.8 % во вкупното производство, бележи пораст од 22.9 % во однос на 2017 година. Вредноста на добиточното производство, кое учествува со 20.9 % во вкупното производство, опадна за 1.1 % во однос на 2017 година.

Меѓуфазната потрошувачка, во 2018 година, бележи пораст од 8.4 % во однос на 2017 година. Номиналниот доход во земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2018 година бележи пораст од 8.4 %, додека реалниот доход од производните фактори бележи пораст од 9.5 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика