+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, февруари 2013

петок, 26 април 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година, изнесува 101.4.


Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Градежништво (10.6%), Информации и комуникации (7.7%) и Транспорт и складирање
(7.0%).


Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец,
е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (15.0%), Градежништво (5.0%) и Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.6%).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2013, изнесува 20 910 денари.


Во февруари 2013 година, 2.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика