+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, октомври 2013

петок, 27 декември 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, изнесува 101.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен во секторите: Градежништво (7.1%), Транспорт и складирање (5.8%) и Рударство и вадење на
камен (4.9%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец,
е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (7.0%), Рударство и вадење на камен (5.7%) и
Градежништво (2.6%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2013, изнесува 21 247 денари.
Во октомври 2013 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика