+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, ноември 2013

вторник, 28 јануари 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, изнесува 100.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6.2%), Транспорт и
складирање (5.3%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (3.6%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.8%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни
води, управување со отпадни дејности за санација на околината (6.3%) и Градежништво (4.2%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2013, изнесува 21 054 денари.
Во ноември 2013 година, 2.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика