+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2010, во однос на јануари 2009, поголема за 3.6%

понеделник, 29 март 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во јануари 2010 година, во однос на јануари 2009 година, изнесува 103.6. Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (12.6%), Сообраќај, складирање и врски (7.4%) Преработувачка индустрија (7.2%).

Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Рибарство (10.6%), Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (8.4%) и Земјоделство, лов и шумарство (5.5%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2010 изнесува 20 330 денари.

Во јануари 2010 година, 2.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика