+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2010 г., во однос на април 2009 г., поголема за 1.4%

понеделник, 28 јуни 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2010 година, во однос на април 2009 година, изнесува 101.4.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (10.0%), Рибарство (9.9%) и Преработувачка индустрија (6.5%).

Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Рибарство (11.5%), Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности (5.7%) и Градежништво (3.2%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2010 изнесува 20 449 денари.

Во април 2010 година, 3.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика