+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2010 г., во однос на мај 2009 г., е поголема за 3.4%

среда, 28 јули 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во мај 2010 година, во однос на мај 2009 година, изнесува 103.4.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (24.4%), Образование (9.7%) и Преработувачка индустрија (8.5%).

Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Сообраќај, складирање и врски (9.7%), Рударство и вадење на камен (7.5%) и Хотели и ресторани (5.3%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2010 изнесува 20 798 денари. Во мај 2010 година, 4.4% од вработените во Република Македонија не зеле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика