+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2010 г., во однос на јуни 2009 г., е поголема за 1.8%

петок, 27 август 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2010 година во однос на јуни 2009 година, изнесува 101.8.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (12.0%), Образование (5.8%) и Преработувачка индустрија (3.3%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Сообраќај, складирање и врски (7.7%), Хотели и ресторани (5.6%) и Рударство и вадење на камен (4.6%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2010 изнесува 20 424 денари.

Во јуни 2010 година, 3.0% од вработените во Република Македонија не зеле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика