+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, октомври 2014

понеделник, 29 декември 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, изнесува 102.2.


Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (10.5%), Градежништво (6.8%) и Дејности на здравствена
и социјална заштита (5.5%).


Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9.6%), Образование (5.0%) и Дејности на здравствена
и социјална заштита (4.5%).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2014, изнесува 21 717 денари.


Во октомври 2014 година, 1.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика