+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, декември 2014

четврток, 26 февруари 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, изнесува 104.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (16.9%), Градежништво (11.5%) и Преработувачка
индустрија (8.8%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (19.8%), Трговија на големо и трговија на мало;
поправка на моторни возила и мотоцикли (11.1%) и Други услужни дејности (9.7%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2014, изнесува 22 407 денари.
Во декември 2014 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика