+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, март 2015

среда, 27 мај 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во март 2015 година, во однос на март 2014 година, изнесува 101.9.


Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (9.4%), Други услужни дејности (7.1%) и Дејности на
здравствена и социјална заштита (5.5%).


Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (15.6%), Земјоделство, шумарство и рибарство (6.8%) и
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.2%).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2015, изнесува 21 402 денари.


Во март 2015 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика