+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, април 2015

петок, 26 јуни 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во април 2015 година, во однос на април 2014 година, изнесува 102.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (32.9%), Уметност, забава и рекреација (9.8%) и Други
услужни дејности (9.5%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (7.3%), Транспорт и складирање (4.3%) и
Информации и комуникации (3.7%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2015, изнесува 21 746 денари.
Во април 2015 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика