+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, мај 2015 година

вторник, 28 јули 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, изнесува 102.7.
Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.8%), Други услужни дејности (7.5%) и Дејности на
здравствена и социјална заштита (5.0%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (6.1%), Уметност, забава и рекреација (5.4%) и
Информации и комуникации (5.0%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2015, изнесува 22 071 денар.
Во мај 2015 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не добиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика