+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, септември 2015

петок, 27 ноември 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, изнесува 103.5.


Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-
плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (54.7%), Други услужни дејности (27.3%) и
Административни и помошни услужни дејности (8.4%).


Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец,
е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (38.2%), Други услужни дејности (18.9%) и
Преработувачка индустрија (1.3%).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2015, изнесува 22 024 денари.


Во септември 2015 година, 1.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика