+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, октомври 2015

понеделник, 28 декември 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, изнесува 102.3.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (34.2%), Административни и помошни услужни дејности
(9.3%) и Други услужни дејности (8.3%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Градежништво (3.6%), Рударство и вадење на камен (3.6%) и Трговија на големо и
трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.1%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2015, изнесува 22 213 денари.
Во октомври 2015 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика