+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, декември 2015

четврток, 25 февруари 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, изнесува 101.4.


Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (11.0%), Уметност, забава и рекреација
(6.1%) и Информации и комуникации (5.8%).


Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (18.8%), Информации и комуникации (9.9%) и
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (8.9%).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2015, изнесува 22 715 денари.


Во декември 2015 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика