+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, октомври 2016 година

четврток, 22 декември 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, изнесува 101.1.


Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Градежништво (6.5%), Административни и помошни услужни дејности (5.8%) и Објекти
за сместување и сервисни дејности со храна (5.7%).


Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Административни и помошни услужни дејности (4.5%), Објекти за сместување и
сервисни дејности со храна (4.2%) и Рударство и вадење на камен (3.6%).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2016, изнесува 22 460 денари.
Во октомври 2016 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика